Премиерот на Албанија, Еди Рама им испрати покана за нова средба на партиите од албанскиот политички блок од Македонија во Тирана.
Претходната ваква средба одржана во 2017 година покрена многу дискусии, а декларацијата која произлезе од неа ВМРО-ДПМНЕ ја нарекуваше „Тиранска платформа“, пишува Фокус.
Како што објави Фокус од БЕСА пак, сметаат дека Али Ахмети истата ќе ја злоупотреби во моменти кога има раскол во ДУИ и Огнената група излегува на терен. Тие одбиваат да седат на иста маса со Ахмети и најавија дека доколку тој присуствува, тие нема да учествуваат на средбата.
Новинарот и познавач на состојбите во албанскиот политички блок, Дестан Јонузи за „Фокус“ вели дека овој став на БЕСА демонстрира политичка незрелост.
-Сведоци сме дека Касами на многу средби свикани во минатото од Зоран Заев и други лидери седел на маса со Али Ахмети. Одбивањето што го прават за средбата во Тирана покажува дека тој сега ги избрал своите стратешки партнери и го следи нивниот политички курс, курсот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, што на еден или на друг начин го кочи евроинтегративниот процес, вели тој за Фокус.
Целиот текст на Фокус.мк























