Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџири кој е дел од групата незадоволни во оваа партија, преку фејсбук се огласи за видео снимката која ја објави Артан Груби, а на која се гледа Али Ахмети во канцеларија со цигара и како пее.

„Снимањето на Али Ахмети како пее, а потоа објавување на истата снимка, за дефокусирање на мислењето од реалниот проблем, е безобразна злоупотреба. Снимањето на Али Ахмети и зачувување на овие видеа за да ги употребиш кога ќе ти треба е неточно и очигледно не е првио пат. ДУИ дефинитивно мора да се ослободи од узурпатори, платеници и неспособни, напиша на Фејсбук Меџити.