Грци при влез во Македонија, во декември минатата година дале мито за да влезат во нашата држава. На социјалните мрежи е објавено видео, а во описот стои „Скопски полицаец бара подарок за да влезат патници во државата“. На видеото е напишано дека е снимено на 12-ти декември минатата година. Засега не може со точност да се повтрди веродостојноста на оваа снимка, иако на видеото се гледа како во раката сопатничката дава нешто. Патничката комуницира со полицаецот на грчки.