Давид Де Хеа беше автор на голем кикс на натпреварот од ФА Купот, каде Манчестер Јунајтед победи со 3-1 против Евертон. Шпанскиот голман прими смешен гол, кој дојде како резултат на неговата слаба реакција со нозете, но за среќа на 32-годишниот, грешката се покажа како безопасна, бидејќи неговите соиграчи беа во форма. Сепак, таа епизода не можеше да помине без коментар, бидејќи легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин истакна дека Де Хеа се симнал пијан на теренот.

Advertisements

„Тоа е шокантна грешка, особено кога доаѓа од интернационален голман. Ми се чинеше дека Де Хеа се напил неколку чаши, пред да слезе на теренот, грешка што не можам да ја опишам со зборови. Ако можам да направам споредба, тоа е како играч да влезе во голот на местото на голманот и да направи грешка бидејќи тоа не е негова улога. Тоа е непростливо“, изјави Кин.

Прикажи повеќе