Првиот човек партискиот огранок на Алијанса за Албанците во Струга Лулзим Насуфи објави фотографии од болницата во Струга, кои сведочат за катастрофалната состојба во која се наоѓа таа здравствена установа. Насуфи го обвини раководството на ДУИ за негрижата, бидејќи во изминатите 20 години од разни позиции: министри за здравство, градоначалници, пратеници, директори на болницата и слично, не презеле ништо за оваа здравствена установа.

„На прв поглед изгледа чудно но, кога ќе се сетиш на партијата која е на власт веќе 20 години и на општата општествена состојба кај нас, сфаќаш дека ни здравството (болниците) не може да се разликуваат од другите области, каде што има тотална деградација во функционирањето на системот“, пишува Насуфи.

„Поради зголемувањето на потребите и здравствените услуги, меѓу другото поради зголемувањето на бројот на стружани, објектот остана ист, или малку поинаков, како што се зголемија услугите и персоналот, така се зголемија и типичните смешни бараки околу болницата. Претседателот на ДУИ, од Струга, пред 5-6 години вети дека ќе изградиме нова болница во Струга, а тоа резултираше со нашата позната изрека: НЕ УМРИ КОЊУ ДО ЗЕЛЕНА ТРЕВА“, пишува Насифи.

Тој нагласува дека и болницата и здравството се деградирани како и сите други институции со кои раководи владејачката партија, а за тоа го наведува фактот што за 4 години се сменети 5 директори.

„До докторот на Одделот за педијатрија, на мојот пријател, би му дал еден совет, побарај од директорот на Општата болница да ги испрати на специјализација лекарите по Општа медицина кои со години работат во болницата како општи лекари, а дотогаш да се склучат Договорите на дело за продолжување со работа, барем со лекарите кои ги исполнуваат условите за пензионирање но, покажуваат желба и интерес да работат, кога ни требаат“, пишува Лулзим Насуфи.