Ни кафе како пензионер не можам да испијам на мир. Седам со колегата Данко Милошевиќ, врвен експерт педијатар нефролог во едно загребско кафуле и добивам порака дека еден наш пациент стар 13 години е примен на Клиника со четврта епизода на атипичен хемолизно уремиски синдром(болест која ги напаѓа црвените крвни зрнца, тромбоцитите и води до отказ на бубрезите). Данко ми вели дајте му веднаш солирис или ултомирис, спасете му ги бубрезите. За жал Данко, кај нас тоа е бирократска процедура, треба пациентот да се регистрира кај комисијата за ретки болести, па да се чека нивната одлука, која често е неправедна и негативна, бидејќи лекот спасува живот. Залудно е што лекот е регистриран во Македонија, кој ќе го плати?
Животот не трпи тендери.За ваква ситуација нашите семејства кои имаа деца со атипичен ХУС мораа да се исселат, за да можат да го добијат лекот во странство.
Ве молам споделете ја објавата
Животот не трпи тендери!!!, пишува на Фејсбук, доктор Велибор Тасиќ.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.