Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека владата за само два дена потрошила дури 73 милиони денари за увоз на струја.
“Херојската” влада на ДУИ/СДСМ за само 2 дена потроши нови речиси 73.000.000 денари за увоз на струја. Од првичното сценарио нема ништо, сѐ уште трансформаторот во Битола не е во функција, Осломеј не работи, а хидроцентралите се на најниско ниво. Затоа пак авансните провизии продолжуваат. “Херојските” тендери во четири очи си врват. Одговорност ќе има. Доаѓа денот, вели Мицкоски.
Инаку, пред само неколку дена, дирекророт на ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека сите домашни капацитети се вклучени за производство на домашна струја, бидејќи таа била најевтина и дека тоа е нивниот план.