Шкендија од Тетово се пофали со уште едно ново име во зимскиот преоден рок. Практично се работи за враќање во старата средина на искусен фудбалер. Во претпоследниот шампион на Македонија се врати Камер Ќака, кој минатата сезона настапуваше во Унгарија. 26-годишникот не се изнаигра во Унгарија, па во ПМФЛ бара нов почеток.

Advertisements

Новајлијата веќе им се приклучи на новите соиграчи, кои вчера со медицинските тестови ги започнаа подготовките за пролетниот дел на шампионатот.

Ќака во кариерата играше и за Конгсвингер, Универзитатеа Крајова, Политехника Јаши, Стеауа, Кристијансунд, Сарпсборг, Хонефос, Рауфос и Валеренга. Се работи за фудбалер кој е роден во Пеќ, но како фудбалер се изгради во Норвешка./Gol.mk/

Прикажи повеќе