Носителите на МКарта од денес, при влегување во државата, ќе можат да користат брза лента, или брз премин, на аеродромите во Скопје и Охрид, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој го посети аеродромот во Скопје.
Како што вели тој, оваа можност, која се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично признание за нивниот труд и квалитет и благодарност на нашите институции и држава.
Проектот МКарта претставува мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во странство, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Северна Македонија.