Познато е дека агентите на ФБИ поставуваат голем број прашања пред да утврдат дали некој е доволно квалификуван за да биде вработен кај нив.
Метју Паландра на својот профил на TikTok објави загатка за која тврди дека се користи кога некој доаѓа на интервју за работа.
„Маж и жена излегуваат на пијачка на првиот состанок. Тоа е топол летен ден, па додека мажот и жената го чекаат својот оброк, и двајцата добиваат чаша ледена вода“, ја започнува тој загатката.
„Жената многу се поти и е дополнително жедна, па токму на почетокот пие три чаши ледена вода, додека мажот пиеше само голтки вода за време на оброкот. Подоцна истиот ден, мажот и праќа пораки на жената велејќи дека е болен и дека се чувствува исклучително слаб. А пред полноќ полицијата констатирала смрт на човекот. Кога жената била донесена на сослушување, било утврдено дека и таа и пијалокот на нејзиниот партнер биле отруени“, заклучува Метју.
Тие требаше да сфатат зошто мажот умре, а таа не. Пред нив имаше тешка задача која само неколку успеаја да ја решат. Обидете се да размислите и да ја решите загатката.
Решение:
Жената била многу жедна, па брзо ја испила водата. Отровот бил во мразот и поради тоа проголтала многу мала количина од отровот. Мразот не успеа да се стопи. Човекот ја испил водата полека и внел големо количество отров, бидејќи мразот во чашата му се стопил.