Шест студенти кои престојуваат во „Пелагонија“ завршија на Клиника поради труење со храна. По синоќешната вечера во студентскиот дом се пожалиле на диареа, и стигнале до Инфективната клиника на инфузии и инекции. Освен оброкот во студентскиот, јаделе сендвичи од надвор, па засега е не се знае од што настанало труењето. 6-те студенти биле испратени дома во добра здравствена состојба.
Цела недела ќе им треба на институциите да завршат со испитувањата на примероците на храна кои што се земени од студентскиот, а до тогаш кујната ќе биде под клуч. Агенцијата за храна заедно со Центарот за јавно здравје и Државниот санитарен инспекторат извршиле вонредна контрола откако добиле дојава за можно труење во храната од кујната во Пелагонија.