Сојузот на средношколци со жалење констатира дека средношколките во Скопје оваа година не ги добија ветените бесплатни производи за менструална хигиена. Иако оваа мерка беше широко поддржана од целокупната јавност, таа не се спроведе во текот на 2022 година.
Ја известуваме јавноста дека многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да донесат производи за менструална хигиена во средните училишта. Имајќи предвид дека производите за менструална хигиена не се никаков луксуз, туку апсолутно насушен продукт, Сојузот на средношколци го поддржува принципот истите да се нудат бесплатно во средните училишта низ цела Македонија – и секако, конректната мерка во Градот Скопје.
Сојузот на средношколци го поздравува двојното зголемувањето на буџетот за бесплатни производи за менструална хигиена за 2023 година во Скопје и ги повикуваме градските институции да ја спроведат оваа мерка, која е против т.н. розева такса. Час поскоро треба да се спроведе најавеното намалување на стапката на ДДВ за производите за менструална хигиена на државно ниво.
Ги повикуваме сите одговорни лица да преземат конректни полиитки за намалување на менструалната сиромаштија кај средношколките. Повикуваме на политички консензус, особено кај политичарките, и бараме итно спроведување на ветените бесплатни производи за менструална хигиена во средните училишта во Скопје.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.