Eкипите на Њу Орлеанс и Јута извојуваа сигурни победи во единствените два натпревари кои се одиграа ноќва во НБА лигата.

Advertisements

Пеликанси беа подобри од Сан Антонио Спарс со 126-117, а најдобар на паркетот беше Си Џеј Меколум со 40 поени, осум скока и девет асистенции. Јонас Валанчиунас постигна 16 поени со 10 скока, а Треј Марфи додаде 15 поени. Кај Спарси се истакнаа Џереми Сохан со 23 поени, девет скока и шест асистенции, како и Тре Џонс со 19 поени.

Јута Џез ја впиша 19-та победа сезонава, откако над Вашингтон славеше со 120-112, благодарение на 25-те поени на Малик Бисли. Џереми Кларксон постигна 23 поени, а Лаури Марканен додаде 21. Откако пропушти седум натпревари, Колин Секстон се врати на паркетот и имаше солиден ефект од 18 поени. Бредли Бил беше најдобар кај Визадси со 30 поени и со по 5 скока и асистенции, а Кајл Кузма имаше 21 поен./Gol.mk/

Прикажи повеќе