Две лица се повредени,а станбени објекти се оштетени откако руски беспилотни летала го нападнаа Киев рано утринава  соопшти воената администрација на украинската престолнина.

Оштетени се и критични инфраструктурни објекти, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, додавајќи дека техничарите работат на стабилизирање на снабдувањето со електрична енергија и топлина.претходно украинската противоздушна одбрана собори девет руски беспилотни летала во Киев.

Тоа доаѓа откако неколку градови во Украина, вклучително и главниот град, беа погодени од руски ракетни напади во петокот, кои нанесоа голем удар врз цивилната инфраструктура во земјата, оставајќи многу луѓе без светлина, струја или топлина.