Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) објави дека Рафаел Надал е добитник на наградата за најпопуларен играч во светот. Така, Шпанецот по првпат е добитник на ова признание, по деветнаесет години доминација на Роџер Федерер, кој победуваше во континуитет од 2003 до 2021 година.

Advertisements

„Многу сум среќен што го добив ова признание. Се чувствувам одлично. Не можам доволно да ви се заблагодарам за поддршката, не само за оваа награда, туку и за целата поддршка што ја добивам во секој град во светот. Тоа ми значи многу. Сега се насочуваме кон 2023 година и споделуваме позитивни работи. Се гледаме наскоро“, рече Надал.

Надал оваа сезона стигна до својот рекорден 22-ри Грен слем трофеј (Австралија Oпен и Ролан Гарос), а исто така триумфираше уште во Мелбурн и Акапулко.

Прикажи повеќе