Новогодишни пазари и милиони украсни светилки на улиците на некои од најубавите градови во светот.
Божиќ е магичен период од годината, а ако сонувате да го поминете во совршен град со разгледници со слики, овие дестинации го нудат токму тоа, ако не и повеќе. Доколку не сте во можност да патувате, можете, како нас, да уживате во овие кратки видео клипови и барем за момент да се одморите од секојдневието.
Единбург, Шкотска
Дефинитивно една од неочекуваните дестинации кои ни ги украдоа срцата.
Стокхолм, Шведска
Прекрасниот Стокхолм станува уште поубав за време на новогодишните празници.
Стразбур, Франција
Не очекувавме ништо помалку од ваков град.
Виена, Австрија
Една од омилените дестинации на сите Македонци и оваа година е високо на приоритетната листа.
Лондон, Велика Британија
Овој град не само што нуди совршена божиќна магија, туку и неколку други работи кои е невозможно да се посетат и доживеат за неколку дена таму.
Колмар, Франција
Малите градови во Франција се рај на земјата, а особено е убаво да ги посетите за време на божиќните празници, дури и ако е вака.
Париз, Франција
Неоспорен сон на повеќето луѓе е да го посетат Париз барем еднаш во животот, а сега уште еднаш потврдуваме зошто.
Њујорк, Соединетите Американски Држави
Сè започнува и сè завршува со овој урбан град кој ни влезе во кожа низ сите тие филмови што ги гледаме цел живот. Празниците во Њујорк ги замислуваме токму така – како на филм.