Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата 24 анализа изјави сите граѓани да бидат мирни и спокојни за цената на струјата и дека Владата се грижи.

Тој посочи дека ќе има 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија до крајот на грејната сезона во градот Скопје.

Исто така нема да има никакво зголемување на цената за топлинска енергија, додаде Бектеши.