Франција, бранителот на светската титула, од првата позиција во групата Д, се пласираше во осмина-финалето.

Advertisements

Франција, в недела од 16 часот за противник ќе ја имаат Полска. И покрај изборениот пласман во осмина-финалето, француските медиуми тврдат дека атмосферата во националниот тим е далеку од идеална.

Според „Л’Екип“ и бројни други француски медиуми, дошло до раздор меѓу играчите, поради лошите игри на Бенжамин Павар. Усман Дембеле и уште неколку други играчи наводно барале од селекторот Павар да го пресели на клупата, поради лошата игра на првиот меч против Австралија.

Во одбрана на Павар застанале најискусните, капитенот Уго Љорис и напаѓачот Оливие Жиру.

„Точно е дека тој и јас имавме многу жестока дискусија. Ги средивме работите. Тоа се нормални ситуации во фудбалот на ова ниво. Што му кажав? Му реков дека е ужасен и тој е свесен за тоа”, откри францускиот селектор Дидие Дешамп.

Прикажи повеќе