Криминалци бркаат полицајци. Упаѓаат вооружени во полицијата во Арачиново и полицајците бегаат, биле ИЗБРКАНИ од полициско одделение. Нема друг таков случај во светот. И Спасовски и МВР повторно се обидува да забошотат и премолчат случајот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Како што вели тој ова е тежок скандал, за којшто нема оправдување, ниту криењето помага.
-Вооружени лица блиски до власта, влегле со закани во полициско одделение во Арачиново, а четворица полицајци добиле наредба од претпоставен да се повлечат од полициски пункт, и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба, само затоа што е направена контрола, сопреле возило, без валидни документи.
Вчера медиумите објавија за случувањето пред два дена, а МВР се уште молчи. Повторувам, само затоа што било сопрено лице со возило без валидни документи, вооружена група блиска до власта, еден полицаец и еден познат на полицијата, влегуваат во полициско одделение и полицајците морале, добиле наредба од претпоставен да се повлечат од Арачиново до Гази Баба!
Почитувани криминалот и бандитизмот земаа се поголем замав токму заради самоволието и инволвираноста на Спасовски, СДС и ДУИ во нивното покривање на штета на полицијата, но и на општата безбедност и јавен ред и мир, вели Стоилковски.