Босна и Херцеговина и Косово остануваат кревки региони во однос на руското влијание и можна дестабилизација на регионот.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по средбата на министрите на НАТО во Букурешт, во изјава за „10 минути“ на ТВ21 рече дека членството на Северна Македонија во Северноатлантската алијанса создаде безбедност за нашата земја, но дека мора да бидеме внимателни од руските хибридни напади.
„НАТО ја брани секоја педа од територијата на НАТО, што значи дека секој хипотетички напад врз Северна Македонија значи напад врз САД, Велика Британија, Канада, Франција, Германија и така натаму. Но, како што кажавте, ова не значи дека ние сме апсолутно ослободени од можноста за какво било руско мешање преку различни хибридни форми, без разлика дали преку политички влијанија, дали преку економски влијанија или сајбер влијанија кои потоа може да имаат свои последици“, вели Османи.