Португалската фудбалска федерација одлучи да поднесе жалба до ФИФА, со барање дека првиот гол против Уругвај го постигне Роналдо, а не Бруно Фернандеш. Така барем пишува на добро познатиот сајт, „SportBibble“.
Португалецот се најде во добра позиција, бидејќи изгледаше како ја допира топката, која од нафрлувањето на Фернандеш заврши во мрежата на Уругвај. Како и да е, така не мислеше ФИФА, која и официјално го прогласи Бруно Фернандеш како автор на голот. Останува да видиме дали португалското барање ќе биде разгледано од страната на ФИФА.