КРАЛСКОТО семејство наводно се соочува со голема промена во распоредот за овогодинешниот Божиќ, а главната причина е доаѓањето на кралот Чарлс на власт.
Експертот за кралското семејство и поранешна дописничка на Би-Би-Си, Џени Бонд, тврди дека семејството ќе се собере во Сандрингем во Норфолк за да го прослави празникот, но тоа нема да биде формално како во претходните години.
Таа рече дека Чарлс ќе ја отфрли традицијата на гледање на говорот на кралот и дека оваа година нема да има „загушена“ атмосфера, како кога семејството се собрало да и се восхитува и да и се поклони на кралицата.
Според „Сан“, кралот Чарлс ќе ја прекине традицијата на гледање на обраќањето на монархот до нацијата, кое се прикажува на Божиќ попладне, а наместо тоа тој и неговото семејство ќе поминуваат време во сеќавање на убавите моменти поминати со кралицата.
Ќе задржат некои традиции
Сепак, кралот Чарлс ќе ја продолжи традицијата на неговата мајка и ќе го сними својот божиќен говор однапред. „Сигурен сум дека тој претходно ќе го сними говорот и сигурно ќе ја допре загубата на неговата мајка, Елизабета Втора“, рече Бонд.
Тие ќе задржат некои традиции, како што е одењето во црквата Марија Магдалена во Сандрингам, а во нивната резиденција ќе има и празнична божиќна вечера. Сепак, принцот Хари и Меган Маркл нема да бидат на вечерата. Добиле покана од кралот, но англиските медиуми тврдат дека нема да дојдат поради заладените односи со семејството. Но, принцот и принцезата од Велс Вилијам и Кејт ќе бидат таму со своето семејство.
За потсетување, резиденцијата во Сандрингам е семејна божиќна и новогодишна база од 1988 година.