Продолжува трендот на намалување на потрошувачката на струја, министерствата во октомври направиле 33% заштеда на струја, објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што вели тој, сите институции во октомври имаат најмалку 15% намалена потрошувачка на електрична енергија што е согласно препораките и задолженијата кои ги донесе Владата.
Сепак, кога станува збор за Општините, состојбата не е таква. Има општини кои што навистина заштедиле, но има и такви кои потрошиле повеќе. Општина која воопшто не штеди е Арачиново, која според податоците потрошила 474 проценти повеќе струја во месец октомври, за разлика од истиот период минатата година.