Лина Ѓорческа, со убедлива победа во пресметката со Словенката Пиа Ловриќ (6-3, 6-4) се пласира во полуфиналето во фјучерсот во Грција.
Во меч што траеше час иполовина, Ѓорческа имаше дури 14 брејк-топки од кои искористи шест со што дојде до убедлив триумф без загубен сет. Таа утре, за место во големото финале, ќе ги одмери силите против првата носителка катерина Хобгарски од Германија.
Пред Ѓорческа денеска ја чека уште еден настап на турнирот во Ираклион (Крит) и тоа во полуфиналето во игра на двојки во кое заедно со Деа Херџелаш ќе ги одмери силите со Хобгарски и Дарја Семенистаја (Летонија).