Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за пријателските натпревари против Финска и Азербејџан. Денес селекторот Благоја Милевски го свика првиот тренинг во мини-подготовките по собирот во Скопје.
Пред тренингот на терените при ФФМ, своите очекувања од двата тест дуели ги изнесе Давид Бабунски.
„Мислам дека ова е добра шанса за да продолжиме да ја развиваме идејата и играта на тимот. Можеме да коригираме работи од минатите средби и треба да се подобрат. Тоа се главните цели за овие две пријателски натпревари.
Со сигурност ќе ни значи позитивен резутлат против Финска и Азербејџан. Фудбалот расте низ целиот свет, сите репрезентации се подобруваат и би било добро за нашата самодоверба да извлечеме добри резултати“, кажа Бабунски.
Првиот натпревар во овој ноемвриски циклус е закажан за в четврток во 18:00 часот на Арената „Тодор Проески“ против Финска, додека в недела се игра против Азербејџан./Gol.mk/