Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска изјави дека во моментов не гледа потреба од евакуација на граѓаните од Киев и другите градови кои не се во близина на руско-украинската линија на фронтот.

Тој рече дека ситуацијата во моментов е далеку од потреба за евакуација.

Шмихал ова го изјави на состанокот на украинската Влада по руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина и откако градоначалникот на Киев им рече на жителите на главниот град да бидат подготвени на се, вклучително и на најлошото сценарио кое вклучува целосен прекин на снабдувањето со електрична енергија и вода.