Ислам Абази е нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, функцијата која ја извршуваше Вилма Рускоска до нејзиното суспендирање.
Фокус објави дека со само два гласа предност, денеска за нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е избран Ислам Абази, кој досега беше шеф на вишото обвинителство во Гостивар.
Според информациите на ,,Фокус” тој го победил скопскиот обвинител Ермон Незири за само два гласа. Поточно Абази освоил 66, а Незири 64 гласа.