,Ако некој очекува дека Бугарите во Македонија ќе се срамат од својата историја, од своите цареви, од своите војводи, од луѓето кои го вложиле целиот свој живот како Иван Михајлов во борбата за нашата слобода и за нашите човечки правдини, ако очекуваат дека ние со лесна рака ќе се откажеме од нашето достоинство и од меморијата на нашите родови, ја погрешиле адресата. Вашата емисија се гледа во Скопје и се надевам дека многу внимателно ќе ја слушнат мојата порака од овој разговор. Ние немаме никаква намера да се откажуваме од почитта кон нашите цареви, нашите војводи, нашата историја и нашата култура.” Ова во емисијата Брисел 1 со водител Милена Милутинова, го изјави активистот за човекови права на Бугарите во РС Македонија, Петар Колев, а пренесува Трибуна.
Во однос на законот за забрана на имињата на бугарските клубови во РС Македонија, Колев истакна дека само две земји во 21 век забрануваат невладини организации со закони и со ретроактивно дејство. Факт што според него останал незабележан во низата случувања околу клубовите ,,Иван Михајлов” -Битола и ,,Цар Борис III” – Охрид.
,,Само две земји во 21 век забрануваат невладини организации со закони со ретроактивно дејство- тоа се Руската федерација и РС Македонија”, изјави Колев.