Нејасна политичка ситуација во Бугарија влијае на бугарските членови во Комисија некои работи да одат побавно сè додека не се избистри ситуацијата за тоа кој ќе ја води политичката влада таму, вели Драги Ѓоргиев, копретседател на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања.
– Моето чувство е дека има такво влијание, тој политички контекст несомнено влијае врз работата на комисијата и моето чувство е дека членовите на Комисијата од бугарска страна на извесен начин ја забавуваат работата на Комисијата. Очигледно таа некаква нејасна политичка ситуација во Бугарија влијае на нив некои работи да одат побавно сè додека не се избистри ситуацијата во Бугарија за тоа кој ќе ја води политичката влада таму. Сè додека не се формира стабилна политичка ситуација тоа ќе биде присутно во работата на Комисијата.