Косовскиот премиер Албин Курти ги повика припадниците на српската заедница да не ги бојкотираат или напуштаат институциите на Косово и да не бидат жртви на политички манипулации и геополитички игри.

-За мене приоритет е борбата против криминалот и корупцијата, така што правдата, економскиот развој значи вработување, еднаквост и благосостојба за сите, без разлика на етничката, религијата или потеклото. Не  бојкотирајте или напуштајте ги институциите на Косово. Тие ни служат на сите нас, напиша Курти во објавата на Фејсбук, која беше објавена и на српски јазик.