Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека во сабота и недела партијата организира прв политички саем во Македонија.

„Преку интерактивни презентации и панел дискусии, ќе се промовираат проектите кои што во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Саемот на промените има за цел да покаже како за само една година целосно е сменет пристапот на општините кон граѓаните, како приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, како проекти се реализираат секојдневно, а општинските администрации се служба на граѓаните”, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.