Ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се одржи на 7. ноември во седиштето на УЕФА во Нион. Победниците од групите ќе бидат носители, а во осминафиналето ќе играат против една од второпласираните екипи. Во осминафиналето не можат да играат клубови од иста земја, ниту клубови кои биле во иста група.
Најмногу претставници во нокаут-фазата, по четири, ќе имаат Англичаните (Манчестер сити, Ливерпул, Челзи, Тотенхем) и Германците (Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Ајнтрахт).
Три англиски клуба победија во своите групи, што значи дека Тотенхем, Манчестер сити и Челзи и не можат да играат против Ливерпул во осминафиналето. Исто така со Ливерпул не може да игра и Наполи. Овие клубови се сретнаа во групата.
Тоа значи дека можни противници на „црвените“ се Порто, Бенфика, Реал Мадрид или Баерн Минхен.
Ливерпул и Реал одиграа неколку одлични дуели во последните сезони, се издвојуваат двете финалиња во Киев и Париз, а сега би можеле да се сретнат во осмина-финалето.
Во слична ситуација е и Баерн. Баварците имаат само четири можни ривали, бидејќи не може да се сретнат со Лајпциг, Дортмунд, Ајнтрахт и Интер.
Германскиот шампион има речиси 60 отсто шанси да игра против Ливерпул или ПСЖ. Преостанатите два можни ривали се Милан и Бриж./Makfax/