Во групата Е извесно е дека Челзи е прв, а кој ќе оди во осмина-финалето како втор ќе се знае по натпреварот помеѓу Милан и Салцбург. Бод од овој меч е доволен италијанскиот шампион да го продолжи натпреварувањето во најквалитетното клупско европско фудбалско натпреварување.
Динамо од Загреб има тешко гостување во Лондон и се освен убедлива победа за Челзи би било големо изненадување, кое ќе го остави хрватскиот шампион на четвртото место во оваа група.
Пласман во осмина-финалето обезбеди првиот фаворит во групата Ф, Реал Мадрид, а за сигурно прво место во групата ќе му биде потребна победа на домашен терен против аутсајдерот Селтик.
Во вториот натпревар во групата, Шахтјор со евентуална победа над Лајпциг ќе се пласира нокаут фазата. Бундеслигашот има три бода предност пред последното коло, но на Украинците им е доволна минимална победа, бидејќи есенва веќе еднаш ги победија во групата.
Групата Г ја освои Манчестер Cити, додека втора ќе биде Борусија Дортмунд, а трета Севилја која ќе се натпреварува во Лига Европа.
Затоа натпреварите меѓу Манчестер Cити-Севиља и Копенхаген-Борусија Дортмунд ќе бидат од ревијален карактер.
Пласман во осмина-финалето од групата Х обезбедија Пари Сен Жермен и Бенфика, додека Јувентус се уште математички ја нема обезбедено европската пролет.
ПСЖ и Бенфика имаат ист број бодови, но францускиот првак има подобра гол разлика и доколку, во Торино ја победи „стара дама“ ќе го обезбеди првото место во групата. Бенфика ќе брка победа во Хаифа, против Макаби и ќе чека кикс на ПСЖ.
Доколку Какби остане непоразен против Бенфика, а ПСЖ го победи Јувентус, тогаш италијанскиот тим ќе остане без европска пролет./makfax/