‘Направивме историски исчекор, го потпишавме договорот со Фронтекс, првиот документ со Европската Унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки. Македонскиот јазик го идзигнавме на исто рамниште со сите јазици во Европската унија“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина во Крива Паланка

Тој додаде дека за прв пат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки, каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ.

Ковачевски на трибината воедно порача:

Овој дел од нашата македонска татковина беше 11 години целосно запоставен, но, сега тука е СДСМ и работите се сменија, интензивно се гради низ целиот овој регион. Од најзапоставен, денес е регион кој е најактивен, доживува градежна, културна, економска и социјална експанзија.
Државничките политики носат придобивки, отвораат перспективи, носат развој, напредок, за сегашните а особено за иднинте наши македонски генерации. Така ние се грижиме за граѓаните и за државата. Тешките но храбри одлуки, грижата за граѓаните, сигурниот чекор кон иднината е патриотизам на дело. Тоа е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Затоа сме сите ние вечерва во оваа сала. Тоа не дефинира нас. Ние сме наследници на вредностите на НОБ но и предводници на идејата за Европска Македонија.
Заедно одиме силно и одлучно кон иднината, јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Ќе успееме заедно и во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за Европска Македонија.