69-годишниот Морис Хестинг по речиси 40 години поминати во затвор излезе на слобода. ДНК анализата утврдила дека тој е невин, односно дека тој не го извршил убиството на Роберта Вајдермер во 1983-та година.
Тој бил осуден за убиство во 1988-ма година, откако судскиот процес траел неколку години.
Окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Џорџ Гаскоњ, во петокот објави дека пресудата за убиство од 1988 година е поништена и дека Хестингс е ослободен од затвор
. „Она што му се случи на г-дин Хејстингс е ужасна неправда. Правниот систем не е совршен и кога ќе дознаеме за нови докази што не прават да ја изгубиме довербата во пресудата, наша должност е да дејствуваме брзо“, рече Гаскоњ.
Хестинг по излегувањето од затвор изјави: Сакам да уживам во животот. Не сум огорчен!
За да ја докаже својата невиност, тој побарал ДНК анализа во 2000 година, но ова барање првично било одбиено.
Во јуни, беше откриено дека доказите за ДНК од убиството во 1983 година одговараат на маж кој почина во 2020 година додека беше во затвор за одделен случај на киднапирање и силување, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител.