Во одводот на затворскиот тоалет во велешкиот затвор биле пронајдени повеќе пакувања со хероин.
Како што соопшти МВР, случајот вчера попладне бил пријавен во Полициската станица Велес, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес.
Од полициски службеници дрогата била одземена за понатамошна постапка.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.