Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека имал онлјан состанок со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот Александар Вучиќ во рамките на иницијативата Отворен Балкан, која според него почнува да дава резултати.
– Отворен Балкан веќе дава конкретни резултати за компаниите и за граѓаните, а ја мобилизира и администрацијата, за заеднички напредок на регионот.
Со добра соработка и комуникација со соседите, полесно ќе се преброди оваа тешка и кризна зима, порача Ковачевски.