Божиновски бил нападнат пред неговата куќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница, а неговата сопруга била сведок на целиот инцидент.
Според „плусинфо“ на Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Изутринава Божиновски бил пуштен на домашно лекување.
И МВР го потврди инциденот:
-На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.