Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва соопшти дека следниот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан ќе се одржи во Тирана на 6 декември.

„Следниот самит на ЕУ за Западен Балкан ќе го одржиме во Тирана на 6 декември, со цел да го потврдиме нашиот зголемен ангажман во тој регион. Западен Балкан е врвен приоритет за Европската Унија. ЕУ и Западен Балкан си требаат еден на друг“, напиша Мишел на Твитер.