Министерката за одбрана Славјанка Петровска остварила средба со нејзиниот косовски колега Арменд Мехај, на маргините на Форумот за „Жени, мир и безбедност“ во Приштина.

– Разговаравме за безбедносната состојба во регионот и развојот на одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Косово, објави министерката Петровска на нејзиниот фејсбук профил.