Роман Малик (49), воениот комесар за градот Партизанск на рускиот Далечен Исток, кој беше одговорен за мобилизација и регрутирање во регионот, почина вечерта на 14 октомври. Неговата смрт ја пријави градската управа преку руската социјална мрежа „ВКонтакте“, пренесе Медуза.ио.
„Срцето на силен и храбар човек, кој помина низ многу „жаришта“, но никогаш не се скрши под товарот на тешки воени настани и многу загуби, застана“, се вели во соопштението, во кое смртта на Малик е опишана како „трагична“.
Локалниот весник „Времја Перемен“ пишува дека телото на комесарот „со знаци на самоубиство“ било пронајдено „на оградата“, додека каналот „Меш“ на „Телеграм“ наведува дека телото на Малик е пронајдено „во близина на оградата“. Полицијата ја истражува можноста и за самоубиство и за убиство. Блиските на Малик не веруваат дека се работи за самоубиство, истакнува „Медуза“.
In #Primorsky Krai, the body of Partizansk military commissar Roman Malyk was found. The investigation is considering suicide or murder.
It is known that Malyk had fought in #Chechnya and had not complained about his health recently. pic.twitter.com/lzc9bukHVD
— NEXTA (@nexta_tv) October 15, 2022