Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи се огласи и го обвинува премиерот Ковачевски дека не ја прифатил неговата покана или повик за ТВ дебата.
-Го повикав на дебата Ковачевски, која тој не ја прифати. Тој дезертираше од можноста да се вкрстат аргументите и јавноста да види кој и за што се бори.
Дебатата како размена на аргументи, ставови и погледи на нештата е фундаментот на здрава демократија.
Затоа вечер ја користам можноста на Македонската Телевизија во отвореното студио кое ќе започне во 20:15 часот да дебатираме со новинари од повеќе национални телевизии. Следете, пипува Мицкоски.






















