Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија Бојан Маричиќ од денеска престојува во Брисел по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската Комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за европски прашања.