На големата сцена на Македонскиот народен театар во саботата премиерно беше одиграна комичната претстава „Лагата“, по текст на современиот и мошне актуелен француски писател, драматург, театарски режисер, сценарист и филмски режисер, Флоријан Зелер, а во режија на Бесфорт Идризи.
Во комедијата, игра актерската екипа: Јордан Симонов како Павле, Габриела Петрушевска во улогата на Родна, Оливер Митковски го игра ликот на Михаил и Драгана Левенска е во улогата на Јована.
Маестралната игра на актерската екипа ги предизвика бурните овации на публиката во салата. По крајот на претставата актерот Јордан Симонов доби плакета за 25 години работа во Македонскиот народен театар.





















