Двајца Палестинци денеска загинаа по судирите со израелските вооружени сили, наведе палестинското Министерство за здравство, пренесе ДПА.
Еден 30-годишен маж почина рано утринава од повредите здобиени за време на судирот од претходната ноќ со израелските војници во близина на градот Салфит, на Западниот Брег.
Друго лице, пак, почина синоќа, откако бил застрелан од израелски војници. Во истата престрелка бил ранет и еден израелски цивил, додава германската агенција.
Во последните неколку месеци зголемни се тензиите меѓу Палестинците и израелските сили на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. За време еврејскиот фестивал Симчат Тора, што почнува денеска Израел ангажира илјадници припадници на безбедносните сили, наведуваат медиумите.
Одлуката на израелските власти доаѓа два дена по насилните палестински протести.
Официјални лица на Западниот Брег велат дека оваа година веќе загинале 120 Палестинци, многумина по судири со војската или во услови на воени напади.Меѓутоа, некои загинаа и во обиди да извршат напади.