Ракометната репрезентација на Македонија во недела ќе и гостува на Турција во натпревар од 2. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Атмосферата во репрезентацијата е на одлично ниво по убедливиот триумф над Луксембург во воведната рунда.

Капитенот Никола Митревски пред мечот вели дека и покрај тоа што се фаворити, мора да бидат претпазливи на мечот со Турција.

„По убедливата победа против Луксембург повторно сме фаворити и на мечот со Турција. Ќе мора тоа да го оправдаме. Ќе имаме мал период за адаптација, но сепак ние сме фаворити и нашиот квалитет и искуство мора да дојде до израз и да направиме чекор поблиску до Европското првенство 2024. Добро ги анализиравме. Далеку од тоа дека се слаб тим имаат играчи и во Бундеслига и во македонското првенство. Затоа мораме да бидеме претпазливи и да дадеме максимум. Работиме и се подготвуваме за да победиме и подобри репрезентации. Стручниот штаб подготвува тактика, наше е тоа да го реализираме на теренот“, вели Митревски.

Извор: Екипа

Прикажи повеќе