Регулаторна комисија за енергетика денеска изврши нова корекција на цената на нафтените деривати во малопродажба. Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за три, а екстра лесното масло на домаќинство поскапува за два денари. Бензините остануваат со исти цени. Со новите цени од ноќеска на полноќ цената на дизел горивото ќе изнесува 103,5 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 99 денари.