Ракометната репрезентација на Македонија вечерва против Луксембург ќе ги отвори квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година кое ќе се игра во Германија.
Селекторот Кирил Лазаров веќе од претходно е познато дека нема да смета на Дејан Манасков, а денеска е потврдено дека и Мартин Томовски нема да биде дел од тимот кој ќе излезе вечерва на мегдан со Луксембруг.
На голот за Македонија ќе бидат Никола Митревски и Марко Кизиќ. Од повиканите натпревари за овој и мечот против Турција на денешниот натпревар нема да настапат и Костадин Петров, Марко Митев и Михајло Младеновиќ.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за во 19 часот.
Извор: Екипа