Откако безброј пати ги испроба личните можности со акробациите на Земјата, Том Круз наскоро оди во орбитата и би можел да стане првиот цивил што ќе искуси вселенско излегување.
Се снима нов филм со режисерот Даг Лиман, што вклучува и патување во Вселената Тоа го потврди и претседателката на одборот директори на студиото „Јуниверзал“, Дона Ленгли, откривајќи подробности за Би-би-си.
– Круз и Лиман, кои соработуваа на филмот „На работ на времето“, смислија и ново дело за време на пандемијата. Том Круз нѐ води во Вселената. Целиот свет ќе го носи таму. Тоа е планот. Имаме одличен проект со Том, кој размислува да оди на Меѓународната вселенска станица. Тој треба да стане првиот цивил кој ќе оди на „вселенско излегување“ вон МВС. Ќе глуми лик кој е „предаден од среќата“, но се наоѓа во можност да биде единствената личност што може да го спаси светот, изјави Ленгли.
Филмот е во фаза на подготвување, а снимањето сѐ уште не е почнато.
Том Круз, инаку, беше наратор на кусиот документарен филм „Вселенска станица 3-Д“ од 2002 година. Доколку отпатува, тој сепак нема да биде првиот глумец на задача на МВС, бидејќи лани таму се снимаше рускиот филм „Предизвик“ што своето прикажување ќе го има во април 2023 година, па глумицата Јулија Перезилд и режисерот Клим Шипенко веќе минаа 12 дена со астронаутите.