Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Твитер објави неколку фотографии од Киев, кој е само еден од градовите нападнати од руски ракети и беспилотни летала утринава.
Украинската полиција соопшти дека во големиот руски ракетен напад низ Украина „загинале најмалку 10 цивили, а околу 60 се повредени“.
„Светот уште еднаш го виде вистинското лице на терористичка држава која го убива нашиот народ. Не само на бојното поле, туку и во мирните градови. Русија е земја која го крие своето крваво и криминално јадро и целта на зборовите за мир. Ова докажува дека ослободувањето на целата наша земја е единствената основа за мир и безбедност“, напиша Зеленски